hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја заврши сезоната со 7 трофеи, 77 меча и 413 гола

Kire-Lazarov-protiv-Dibirov

Мечот Македонија - Чешка беше последен 77 во сезоната 2014/15 за капитенот на нашата ракометна репрезентација Кирил Лазаров. Тој со 11 гола против чесите, не одведе на европското првенство и ја подобри својата инвидуална статистика за разлика од минатата сезона 2013/14. Дури и можеше да биде и поефикасен, ако го заобиколеа малите повреди, пред се на крајот од сезоната. Но покрај инвидуалните бројки, најважно е што оваа сезона Лазаров освои седум трофеи, ја квалификува Македонија на ЕП во Полска и веројатно во Олимписките квалификации за Рио де Жанеиро.

Клупска статистика - Барселона 2014/15:

ASOBAL лига - 28 меча - 120 гола
Куп на Кралот - 5 меча - 17 гола
АSOBAL Куп - 2 меча - 10 гола
ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 6 гола
Каталонски Суперкуп - 2 меча - 12 гола
Лига на шампиони - 17 меча - 106 гола
IHF Суперглоб - 5 меча - 23 гола

ВКУПНО: 60 меча - 294 гол - 4,90 гола по натпревар

Репрезентативна статистика - Македонија 2014:

СП Катар 2015 - 6 меча - 45 гола
Квалификации за ЕП Полска 2016 - 8 меча - 56 гола
Tурнирски мечеви: 2 меча - 14 гола
Пријателски меч - 1 меч - 5 гола

ВКУПНО: 17 меча - 119 гола - 7 гола по натпревар

Клупска + репрезентативна статистика: - 77 меча - 413 гола = 5,36 гола по натпревар

Share