
Со огромен ентузијазам близу 150 деца од целата држава и соседството, денес го започнаа своето еднонеделно дружење со ракометните тајни во кампот „Кирил Лазаров 7„ во Охрид. Младите таленти едвај чекаа да започне официјалната програма, а тимот кој ќе раководи со кампот спремен за предизвикот, веќе започна да работи по планот.

Во хотелот „Аквалина„ во Охрид доминира црвено-белата боја во која се облечени сите учесници и членовите на тимот кој го организира и води кампот. Попладнево следуваат првите активности и работата на терен. Пред нас е забавна ракометна неделаво првиот камп на нашиот најдобар ракометар.
