„Група на смртта„ за Лазаров и соиграчите во Краков

Денес во Краков се одржа церемонијата на извлекувањето на групите за наредното европско првенство во Полска, наредниот јануари 2016 година. Најнапред со неколку точки, Полска најави дека подготвува спектакуларно првенство од 15 до 31 јануари идната година, а скоро еден час подоцна, топчињата ни ја донесоа следната група. Македонија се најде во групата А во Краков со два големи фаворити за освојување на златото, домаќинот Полска и првакот на сите ракометни приредби во последните неколку години, Франција, како и со незгодната Србија. Со „галските петли„ игравме во квалификациите и два пати загубивме.
Полска ја совладавме на мундијалот во Хрватска во 2009 година со 30:29, а славевме со 27:25 и на шампионатот во Србија 2012 година. Со нашиот северен сосед последен пат се сретнавме во Белград пред три години, кога триумфиравме со 22:19. Втор пат по ред на едно европско првенство ждерпката посака да паднеме во група со домаќинот, откако против Данска го отворивме последното европско првенство.
А група (Краков): Франција, Полска, Македонија, Србија
Б група (Катовице): Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка
Ц група (Вроцлав): Шпанија, Германија, Шведка, Словенија
Д група (Гдањск): Данска, Русија, Унгарија, Црна Гора
Три од четирите најдобри од секоја група ќе се квалификуваат во втората групна фаза. Евентуална втора фаза ќе не вкрсти со три селекции од групата Б во Катовице, каде што се Хрватска, Исланд, Белорусија и Норвешка. Титулата од минатата година во Данска ја брани Франција.




