Македонија гостин во најубавиот полски град и во најмодерната арена

Краков е најубавиот град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во земјата по бројот на жители. По Варшава е и втор по големина според територија. Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на земјата и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското војводство и историската Малополска.

Мечевите од европското првенство ќе се играат во новата „Таурон арена„ која е изградена во мај 2014 година, а капацитетот за спортски настани е 15.000 места. На одредени концерти присуствувале и преку 18.000 луѓе. Минатата година овој објект беше отворен за одбојкарскиот мундијал, а сега ќе биде поприште на најважните мечеви и на европското првенство во ракомет.




