Марковски: „Веќе се издвојува квалитетот на кампот„
![]()
Бившиот капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Иван Марковски неколку години работи со младите категории во ХЈС Работник од Битола и доверена му е една група од 30 ракометари, со кои тренира оваа недела. Тој го препознава квалитетот и е оптимист за иднината на кампот и на македонскиот ракомет.
ВИДЕО: Доручек со јајца од ној за учесниците на кампот
![]()
Претпоследниот ден од кампот „Кирил Лазаров 7„ како и секогаш започна со доручек, но овој пат малку поинаков доручек. Кирил Лазаров на подарок доби неколку јајца од ној, од фармата од Свети Николе од меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Гавриловиќ Державин„ и се одлучи од нив да подготви доручек.
На стартот и на крајот од групата против Рајн Ловен Некер
![]()
Веднаш по ждрепката, компјутерот го исфрли и распоредот на натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите. Барселона отвора и затвора со германскиот Рајн Ловен Некер, а групната фаза ќе трае од 16 септември 2015 до 6 март 2016 година. Осминафиналните мечеви се играат на 16-20 март и 23-27 март, четвртфиналните се планирани за 20-24 април и 27 април - 1мај. Завршниот турнир пак ќе биде во Келн, овој пат на 28 и 29 мај 2016 година
Лазаров: „Среќен сум што пак ќе играм пред македонската публика„
![]()
Втора година по ред екипата на Барселона ќе игра во група со македонски претставници во Лигата на шампионите, што радува кај нашата ракометна публика во пресрет на почетокот на сезоната. Капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров исто така го искажа своето задоволство што Барселона пак ќе дојде на гости во Македонија.
ВИДЕО: Патување со брод за сите учесници на кампот
![]()
По напорните пет дена, организаторот на кампот „Кирил Лазаров 7„ одлучи да ги награди учесниците на кампот со патување од спортскиот центар „Аквалина„ до Свети Наум наместо попладневните тренинзи. Пријатно патување со музика на бродот, разгледување на Свети Наум и прошетка од неколку часа, беше денешната агенда на идните ракометари.
Каталонците в о иста група со Киелце, Вардар и Рајн Ловен Некер
![]()
Европскиот првак Барселона денес ги дозна своите противници на патот до одбраната на трофејот во Лигата на шампионите. Лазаров и другарите во обидот да стигнат во „Ланксес арената„ на 28 и 29 мај идната сезона за противници ќе ги имаат Рајн Ловен Некер, ПИК Сегедин, Колдинг, Вардар, Монпеље, Кристанштад и Киелце. Оваа година се игра по нов систем на натпреварување, па првопласираниот од групите А и Б ќе игра директно во четвртфиналето, а екипите класифицирани од второто до шестото место ќе играат осминафинале. Од групите Ц и Д само победниците на групите ќе обезбедат осминафинале.
ФОТО: Филип од Исланд по 6 години на нова средба со Кире Лазаров
![]()
Кога во 2009 година, Македонија го загуби клучниот меч во Рејкјавик против Исланд за пласман на европското првенство во Австрија 2010 година, една фотографија ги разнежни македонските срца. Млад македонец со маичката со македонското знаме по мечот на паркетот го тешеше капитенот Кирил Лазаров по поразот и тешкиот „удар„ само една година по големиот успех на мундијалот во Хрватска.
Ф. Лазаров: „По изразот на лицата, децата на кампот се среќни„
![]()
Филип Лазаров е еден од оние наши ракометари кои го минале патот од младинските категории до сениорската селекција, врвните европски мечеви во Лигата на шампионите и слично. Тој најдобро знае како се чувствуваат учесниците на кампот и што ова значи за нив.
Петковски: „Кампот ќе донесе квалитет, треба да ги вратиме заборавените центри во земјата„
![]()
Бившиот репрезентативен голман Зоран Петковски е тренер на младинската екипа на Вардар и со години работи со младите категории. Со големото искуство кое го има е компетентен да го оцени кампот и нејзината идеа.
„Филип Втори“ го одржа првото предавање во кампот „Кирил Лазаров 7“
![]()
Што е здрава храна,колку оброци на ден треба да се внесуваат, во кој временски период и слично.Ова беа само дел од прашањата кои беа одговорени преку интеракција со децата од кампот „Кирил Лазаров 7". Ова беше прво од предвидените три предавања кои „Филип Втори" ќе ги одржи во рамки на кампот.Темата „Здрава исхрана",ја подготви м-р Тина Коцова инженер по прехрамбена технологија во болницата.




