hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Списокот на учесници официјално е затворен, а бројот надминат

kire kamp

Подготовките за првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7" кој од 22 до 28 Јуни ќе се оджи во Охрид се во завршна фаза. Хотелот „Акваина„ е подготвен да ги прими гостите, спортската опрема исто така, а подготовката на спортските терени и целиот комплекс се во финална фаза. Списокот на учесници на кампот е затворен и на наше големо задоволство бројот на пријавени учесници е надминат. Кирил Лазаров завршувајќи ги перфектно сите обврски кон својата Барселона и македонскиот национален тим, заедно со својот стручен тим на тренери комплетно се насочува на кон уште еден голем предизвик - ракометниот камп.

„Ова е прва година како го организираме кампот и за нас неочекувано интересот за истиот е многу голем. Тоа за нас како организатори претставува голема обрвска да истиот го организираме одговорно и квалитетно. За таа цел комплетно сме посветени на организација до самиот старт на кампот. Кампот е многу важен проект за мене лично и успешното организирање на истиот ќе биде мој осми трофеј оваа година. Од друга страна факт е дека ракометот е национален спорт во Македонија и мораме сите заедно да работиме на создавање база за иднината.„ рече капитенот на ракометна репрезентација на Македонија.

Share