Барса обезбеди финале на каталонскиот Суперкуп
![]()
Сан Естеве – Барселона 19:41 (10:18)
Ракометарите на Барселона ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит и во првиот официјален натпревар во новата сезона го совладаа нисколигашот Сан Естеве со 19:41 (10:18). Овој меч беше првото полуфинале на Суперкупот на Каталонија, каде Барселона ја брани титулата од минатата година.
Мем: Очекувам многу работи да научам од Лазаров
![]()
Еден од неколкуте млади ракометари кои ова лето пристигнаа во Барселона е Французинот кој дојде од Трембле, Дика Мем. Тој има само 18 години и одушевен е од новата средина и од нашиот Лазаров.
Барса ги започна подготовките, Лазаров веднаш се фати за работа
![]()
Првакот на Шпанија Барселона утрово ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/17, во која ке ги брани сите домашни титули, а ќе се обиде да ја врати и европската, која минатата сезона ја освои Киелце.
Лазаров: Четвртфиналните 60 минути се најважни на Олимпијадата
![]()
Македонија за малку не успеа да се квалификува за Олимоиските игри во Рио Де Жанеиро. Капитенот на нашата селекција Кирил Лазаров сепак го даде своето мислење за специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball" воочи ракометниот турнир.
Барса - Гранољерс во првото коло на ASOBAL лигата
![]()
Кирил Лазаров и Борко Ристовски новата сезона на шпанската ASOBAL лига ќе ја почнат на 10 септември. По ждепката која вчера беше извршена во просториите на шпанската лига, прв ривал на Каталонците ќе биде каталонскиот конкурент Гранољерс.
Саубич се враќа од отстапка и ќе го носи дресот на Барса
![]()
Брзото крило Јоан Саубич ќе го носи дресот на Барселона в следните две сезони. Ракометарот се врати по едма сезона на отстапка во Франција, каде во дресот на Пеи де Аикс постигна 77 гола на 20 одиграни натпревари.
Французинот Мем е нов соиграч на Лазаров и Ристовски во Барса
![]()
Продолжува процесот на реновирање на шпанскиот шампион Барселона. Екипата на нашиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров и на Борко Ристовски доведе уште еден перспективен ракометар. Французинот Дика Мем, кој во минатото настапуваше за францускиот клуб кој испадна од елитата, Трембле потпиша шестгодишен договор со Барселона.
Данецот Ласе Андерсон официјално потпиша за Барселона
![]()
Шпанскиот шампион и освојувач на Купот доби петто засилување за сезоната 2016/17. Така Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кој е еден од новајлиите во тимот, ќе ја делат соблекувалната со данскиот лев бек Ласе Андерсон.
Барса доби исклучително силна група за следната Лига на шампиони
![]()
Шпанскиот шампион Барселона денес ги доби противниците за групната фаза на новата сезона на Лигата на шампионите. Каталонците се дел од групата А заедно со Веспрем. ПСЖ, Силкеборг, Висла Плок, Фленсбург, Шафхуазен и Кил. Оваа група дефинитивно е најсилната во натпреварувањето, но нуди можност за реванш за елиминацијата од Кил минатата сезона.
Суперкуп титулата Барса и Хелветиа Анаитасума ќе ја решаваат во Памплона
![]()
Шпанската ракометна федерација одлучи Памплона да биде домаќин на Суперкупот на ASOBAL во ракомет за време на викендот меѓу 2 и 4 септември. Во дуелот за првата титула во следната сезона ќе се борат Барселона на нашиот Кирил Лазаров и Хелветиа Анаитасума.




