Лазаров: Колку и да изгледа тоа тешко во моментов, можеме на СП!
![]()
Македонските ракометари продолжија со лошите игри и по првиот бараж дуел за СП во Франција, но и покрај поразот од Чешка, капитенот на нашиот национален тим Кире Лазаров е оптимист за пласман на СП.
Пораз од шест разлика за македонските ракометари во Злин
![]()
Чешка - Македонија 28:22 (14:10)
Селекцијата на Чешка ја победи Македонија 28:22 (14:10) во првиот бараж натпревар за пласман на Светското ракометно првенство, кое во јануари наредната година ќе се игра во Франција.
Кампот „Кирил Лазаров 7“ и брендот „Хумел“ меѓусебни партнери
![]()
Ракометниот камп на нашиот најдобар ракометар „Кирил Лазаров 7", кој оваа година по вторпат ќе се организира во Охрид од 17 до 30 јуни во две смени, денес и официјално доби нов партнер.
Сорондо го продолжи договорот со Барса до 2020 година
![]()
Шпанскиот шампион и клубот на нашиот Кирил Лазаров, Барселона ги осигура услугите на францускиот
кружен напаѓач Седрик Сорондо до 2020 година.
Кирил Лазаров се приклучи и тренираше со репрезентацијата
![]()
Со пристигнувањето на Немања Прибак, Велко Маркоски, Наумче Мојсоски и капитенот Кирил Лазаров, македонската ракометна репрезентација е на чекор до комплетирање пред заминувањето во Злин. Утре треба да пристигнат „Германците": Борко Ристовски, Филип Миркуловски и Ацо Јоновски и Червар ќе го има целиот ростер на располагање за да го подготвува мечот со Чешка на гостински терен.
Лазаров и Барселона до трета перфектна ASOBAL лига
![]()
Грањолерс - Барселона 29:31 (14:19)
Ракометарите на Барселона трета сезона по ред се шампиони на Шпанија со максимални 30 победи од исто толку натпревари. Перфектната лига беше осигурана со победата во последното 30 коло од ASOBAL лигата на теренот на комшискиот Грањолерс со 29:31 (14:19).
Червар ги собра репрезентативците пред баражот
![]()
Нашите најдобри ракометари и стручниот штаб на чело со новиот селекор Лино Червар денес го имаа првиот собир и влегоа во подготвителна фаза за квалификацискиот двомеч за СП против селекцијата на Чешка овој месец. Првиот меч ќе биде одигран во Злин на 11 јуни, а возвратниот натпревар за место на Мундијалот во Франција ќе се одигра четири дена подоцна во Скопје.
Кирил Лазаров пак е во идеалниот тим на Лигата на шампионите
![]()
Денес во Келн европската куќа на ракометот го избра идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите. Во него повторно се најде најдобриот стрелец во историјата на европските купови. Доминираат ракометари на финалистите на Ф4 во Келн, а тренерот на Веспрем, Шпанецот Сабате е тренер на годината.
Силен отпор, но Барса ја „среди“ и Натурхаус Ла Роха
![]()
Барселона – Натурхаус Ла Роха 36:32 (18:16)
Ракометарите на Барселона во дерби дуелот, ако така може да се нарече мечот против Натурхаус Ла Роха, со оглед на тоа што овој клуб се наоѓа на второто место на табелата во ASOBAL лигата, стигнаа до 27 сезонска победа со резултат од 36:32 (18-16).
ФОТО: Лазаров и соиграчите се приклучија кон забавата на фудбалерите на „Камп Ноу“
![]()
Синоќа на преполниот „Камп Ноу" Каталонците ја прославија двојната круна на фудбалерите на Барселона. Како дел од забавата се приклучија и ракометарите на Барселона на чело со Кирил Лазаров.




