hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Борко бранеше во голем стил, Барса слави во Флензбург

flenzbrug - barca

Флензбург – Барселона 27:28 (11:13)

Ракометарите на Барселона ја забележаа третата победа во Лигата на шампионите и се единствена екипа со максимални три победи, откако по Висла Плок и Кил, го совлада и Флензбург и тоа среде Германија со 27:28 (11:13). Во ретко убав натпревар момците на Хавиер Пасквал го слават македонскиот интернационалец Борко Ристовски, кој го обележа натпреварот и собра 19 интервенции.

Во голем голмански дуел и Матијас Андерсон и Борко Ристовски имаа 40% успешност, но напиот репрезентативен голман со чудесни интервенции и 52% успешни одбрани во првиот дел ја направи разликата. Првиот дел започна со два гола на Лазаров, одличен Борко на голот и серија на Жалуз. Постојаното водство на гостите доведе до 11:13 и позитивни вибрации на екипата од Каталонија.

jalouz 23

Кога на почетокот од второто полувреме Барса дојде до најчувствителни 16:20, Флензбург на Љубомир Врањеш се соочи со првите потешкотии и до одбраната и во нападот. Сепак исклучувањето на Виран Морос им даде крилја на Германците и со серија 3:0 фатија приклучок (20:21).

Се чинеше дека ќе има многу перипетии, но екипата на Пасквал одлично го водеше завршниот дел од натпреварот и стигна до значајни бодови. Лазаров одговори на головите на Гландорф, а Борко Ристовски и Жалуз во последната минута предноста ја внесоа до +2. Тогаш Кирил Лазаров ја пресече одлучувачката топка по која Томас го постигна голот за дефинитивна потврда. Барселона славеше со 27-28 и одлично ја почна сезоната со десет победи од исто толку официјални натпревари.

Борко Ристовски бранеше одушевувачки, а покрај него одличен натпревар одигра и Жалуз со 8 постигнати погодоци. Лазаров даде 4 гола, а Дика Мем, Виктор Томас и Ласе Андерсен придонесоа со по 3 гола во оваа голема победа на момците на Пасквал. Кај Флензбург се истакнаа Гландоррф со 6 и Егерт со 5 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share