Барса подобра од Ваљадолид, Лазаров пак одличен

Барселона - Ваљадолид 41:35 (22:15)
Ракометарите на Барселона ја продолжија феноменалната серија и шест недели не знаат за пораз во сите пријателски или официјални натпревари. Попладнево во „Палау Блауграна" момците на Хавиер Пасквал го совладаа Ваљадолид со 6 разлика. Само неколку дена по победата во Флензбург, екипата на македонските интернационалци Лазаров и Ристовски го победи на рутина ривалот од Ваљадолид.
Победата ја донесе одличната колективна игра, но и инвидуалните партии на Нгесан и Лазаров. По изедначени 20 минути на стартот, Каталонците „нагазија" за 15:9 и прво чувствително водство. Јоан Саубич во голе стил го заврши првиот дел за високи +7 за фаворизираната екипа.
По релаксиран ритам и со игра гол за гол до 50 минута Барса имаше предност од 8-9 гола и со тоа полека го приведуваше мечот кон крај. Тогаш гостите од Ваљадолид преку Де ла Кал и Родригос Костас го направија убедливиот пораз, поподнослив.
Во екипата на Барселона, Кирил Лазаров постигна 4 гола, а Борко Ристовски собра една интервенција. Тимоти Нгесан со 7 гола беше прв стрелец во победничката екипа, а Јоан Саубич со 6 гола исто така го одигра својот најдобар натпревар во сезоната. Голманот Перез со 11 интервенции и Родригез Костас со 6 гола беа најпозитивни во тимот од Ваљадолид.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




