hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса се намачи да слави во Бенидорм

kire32

Бенидорм – Барселона 27-30 (17-14)

Ракометарите на Барселона го одиграа најтешкиот натпревар во ASOBAL лигата во последните неколку години и на гостувањето во Бенидром едвај ја совладаа истоимената домашна екипа со 27:30 (17:14).

Мечот изворедно го започнаа домаќините и со три гола на Салинас Муњоз, Бенидорм поведе со 4-0 против шампионот. Им требаше време на младите Дика Мем и Тимоти Нгесан да влезат во ритам и да парираат на домаќините (8:4).

Кирил Лазаров само што влезе во игра намали на 9:7, грешките во одбраната скапо ги чинеа Каталонците и Лозано и Кузак зголемија на највисоки 12:7. Играта на комбинираниот тим на Пасквал стана загрижувачка и дури во последните 4-5 минути од првиот дел Лазаров со два гола и Жалуз не му дозволија на домаќинот да побегне (17:14).

Вториот дел започна со нов гол на нашиот репрезентативен капитен за 17:15. Но, Бесера и Кусак постојано возвраќаа и на средината од вториот дел Бенидорм водеше со 24:23. Стрпливоста се исплатеше и следеше израмнување на Виктор Томас и веднаш потоа прво водство на шампионот со голот на Нгесан во 53 минута.

Од тој момент и психолошката предност беше на страната на Барселона и Раул Ентрериос и Нгесан погодија за 25:28 и мирен финиш. На крајот тешка победа од 27:30 за екипата на Лазаров и Ристовски и добра најава за натпреварот со Кил, овој викенд. Токму „зебрите" беа кобни за Барса во четвртфиналето од Лигата на шампионите минатата сезона.

Во екипата на Барселона, нашиот Кирил Лазаров постигна 5 гола, а Борко Ристовски собра 4 интервенции. Одличен меч за Каталонците одиграа и Жалуз со 5 и Ривера со 4 гола. Кај поразениот Бенидорм прво име беше Салинас Муњос кој даде 7 гола од исто толку обиди.

 

Share