hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров го „прегази“ Гранољерс, Барса го освои ASOBAL Купот

асобал кире 2

Барселона – Гранољерс 30:25 (15:13)

Ракометарите на Барселона се освојувачи на ASOBAL Купот, на кој настапуваат најдобрите четири екипи од есенскиот дел на шампионатот на Шпанија. Во финалето во Леон попладнево Барса ја совлада екипата на Гранољерс со 30:25 (15:13).

По вчерашната победа против Натирхаус Ла Роха, ракометарите на Барселона одиграа уште еден финален меч против Гранољерс, какои во ланскиот Кралски Куп и Суперкупот на Шпанија и Каталонија оваа сезона.

Повеќе...

Барса ја „скрши“ Ла Роха за финале на ASOBAL Купот

la-rioha 1

Барселона – Натурхаус Ла Роха 33:28 (17:16)

Ракометарите на Барселона се првиот финалист во ASOBAL Купот во Леон, откако денес во првото полуфинале го совладаа тимот на Натурхаус Ла Риоха со (17:16). Иако во првото полувреме отпорот на ракометарите од Логроњо беше силен, сепак квалитетот на Каталонците дојде до израз во вториот дел и за победата нема никаква замерка. Противник во утрешното финале на екипата на Кирил Лазаров и Борко Ристовски ќе биде поуспешниот од натпреварот Адемар Леон – Гранољерс.

Повеќе...

Червар го скрати списокот за подготовките во Маврово

sobri rfm

Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар повика 24 ракометари за припремите и подготовките на репрезентација за настап на СП 2017, што ќе се одржат во Маврово.

Повеќе...

Червар го објави поширокиот список за Мундијалот во Франција

прес рфм

На денешната прес-конференција која се одржа во просториите на РФМ, селекторот на македонската сениорска машка репрезентација, Лино Червар, ги објави имињата на 28 ракометари кои ги повика на подготовки пред настапот на Светското Првенство во Франција.

Повеќе...

Барселона ќе игра против Натурхаус Ла Роха во полуфиналето на ASOBAL Купот

aso22bal zdrepka

Денес за време на полувремето на натпреварот помеѓу Адемар Леон и Вила де Аранда без извлечени паровите за завршниот турнир на ASOBAL лига Купот, кој следниот викенд ќе се одржи во Леон.

Повеќе...

Барса со победа во Хуеска обезбеди перфектна есен

lazarov gols

Хуеска – Барселона 26:30 (15:13)

Ракометарите на Барселона ја потврдија есенската титула во шпанската ASOBAL лига, откако во многу тежок натпревар на гости ја совладааа екипата на Хуеска до 26:30 (15:13). Како и во два наврати оваа сезона, Барса со пресврт во вториот дел успеа да се врати во мечот и да извојува значајна победа.

Повеќе...

Кирил Лазаров прогласен за најдобар десен бек во светот за 2016 година

lazarov irun

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во светот според специјализираниот ракометен медиум „Handball-planet".Тој убедливо ја победи конкуренцијата и уште еднаш потврди дека долго трае и доминира во европскиот ракомет.

Повеќе...

Барса на една победа од перфектна есен, Лазаров пак најефикасен

15326416 1244450055600996 4672240897190546942 n

Барселона – Хелветиа Анаитасума 30:22 (15:13)

Ракометарите на Барселона ја забележаа 14 победа во исто толку натпревари во ASOBAL лигата и на едно коло до крајот на есенскиот дел, продолжува максималниот учинок. Екипата на Чави Пасквал во реприза од финалето на Купот на Кралот, вечерва во „Палау Блауграна" ја совлада екипата на Хелветуа Анаитасума со 30:22 (15:13) .

Повеќе...

Гласајте за Лазаров како најдобар десен бек во светот за 2016 година!

гласање 1

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е еден од четворицата номинирани според специјализираната веб страница за ракомет „Handball-planet" за најдобар десен бек за 2016 година. Лазаров е во конкуренцијата со Ласло Наџи од Веспрем, Кжиштов Лијевски од Киелце и Алекс Душебаев од Вардар.

Повеќе...

Лазаров во тимот на колото на Лигата на шампионите

kire psg 1

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по деветте гола кои им ги даде на ПСЖ се најде во идеалниот тим на колото на Лигата на шампионите.

Повеќе...