
Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави скратениот список на ракометари што ги повика за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП Хрватска 2018.
Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во хотелот Парк СПА во Скопје на 30 октомври 2016 (недела) со почеток од 16:30 часот. На 2 ноември во Скопје Македонија ќе игра против Украина, додека на 5 ноември и гостуваме на селекцијата на Чешка.
