hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја извади Барса од проблеми и донесе победа од Аранда

jalouz

Вила де Аранда – Барселона 31:35 (18:17)

Ракометарите на Барселона се изнамачија, но ја совладаа екипата на Вила де Аранда на гости со 31:35 (18:17) во меч од 28 коло на ASOBAL лигата.

Повеќе...

Лазаров со седум гола прв стрелец во победата на Барса над Адемар Леон

CixPiDuWgAA35JK

Барселона - Адемар Леон 37:27 (19:11)

Шпанскиот шампион Барселона со Кирил Лазаров во своите редови, дојде до нова победа во ASOBAL лигата, овојпат над Адемар Леон со резултат од 37-27 (19-11), па така го задржа максималниот ефект од 25 победи во сезоната

Повеќе...

ВИДЕО: Свечена вечера и славеничка атмосфера во Барселона во сезоната на пет трофеи

barsa sampioni

Со свечена вечера на која присуствуваше и претседателот на клубот Жозеп Марија Бартомеу, Барселона ги прослави петте титули во сезоната која се наоѓа пред самиот крај. Можеби не се седум како минатата сезона која беше рекордна, но и оваа може да се окарактеризира како позитивна со освоена ASOBAL лига, ASOBAL Купот, Купот на Кралот, ASOBAL Суперкупот и Суперкупот на Каталонија.

Повеќе...

Лино Червар именуван за нов селектор на ракометната репрезентација

cervar

Комисијата назначена од Управниот Одбор на РФМ за избор на селектор, во состав: Гино Стрезовски, Славче Атанасовски и Милчо Чакарески, на состанокот што се одржа во просториите на РФМ констатираше пет пристигнати пријави за селектор на Машката сениорска репрезентација и тоа: Владимир Глигоров, Александар Брковиќ, Лино Червар, Роберт Хедин и Жорди Љуљес Мисерол.

Повеќе...

Офанзивен рекорд на Барса со Лазаров како главна ѕвезда

lazaarovcc9

Теукро – Барселона 25:48 (15:23)

Ракометарите на Барселона забележаа нова победа во ASOBAL лигата, а нашиот Кирил Лазаров одигра феноменален меч во егзибицијата на Барса на теренот на Теукро со 25:48 (16:26). Само три дена по освојувањето на Купот на Кралот, момците на Пасквал дојдоа до уште еден чекор до перфектна сезона од 30 победи.

Повеќе...

Чешка без најголемте ѕвезди во баражот против Македонија

jiha1

Селекторите на чешката ракометна репрезентација Јан Филип и Даниел Кубеш го објавија списокот на ракометари за мечевите од баражот со Македонија во Злин и во Скопје. Филип Јиха, Павел Хорак, Јан Собол и Мартин Галија не се наоѓаат на дефинитивниот список од разни причини, па Чешка со подмладен тим ќе им се спротистави на Лазаров и другарите.

Повеќе...

Лазаров дојде до 50 трофеј во карирата, 17 национален Куп

lazarov copa

Кирил Лазаров продолжува да испишува историја во македонскиот спорт и во ракометот во светски рамки. Вечерва во Памплона Барса со Лазаров во тимот го освои Купот на Кралот и го осигура јубилејниот 50 трофеј во карирата. Еве што содржи витрината на нашиот најдобар спортист:

Повеќе...

Барса го освои својот 20 Куп на Кралот со победа над Хелветиа Анаитасума

barca copa del rey rakomet

Хелветиа Анаитасума – Барселона 30:33 (14:16)

Една недела откако стана шампион на Шпанија, освојувајќи ја ASOBAL лигата, екипата на Барселона го освои петттиот трофеј во сезоната и вкупно 20 Куп на Кралот во ракомет. Во Памплона во финалниот натпревар на „фајнал-фор" Лазаров и соиграчите го совладаа тимот на Хелветиа Анаитасума со 30:33 (14:16).

Повеќе...

Барса го елиминира Адемар Леон и ќе игра за Куп титулата против Хелветиа Анитасума

ademae

Барселона – Адемар Леон 33:27 (20:12)

Ракометарите на Барселона ќе играат во финалето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет, откако во првото полуфинале славеше против Адемар Леон во Памплона со 33:27 (20:12). Одличниот почеток на натпреварот им овозможи на момците на Пасквал со голема леснотија да го завршат мечот и да можат дури и да ги заштедат силите за утрешното финале.

Повеќе...

Лазаров и Барса тргнуваат во нов трофеј во Памплона

barca copa del rey

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров денес и утре тргнува во јубилејниот 50 трофеј во неговата кариера. Веројатно како утеха за елиминацијата од Лигата на шампионите од Кил, Барселона е главен фаворит за освојување на Купот на Кралот кој овој викенд се одржува во Памплона.

Повеќе...