Лазаров дојде до 19 трофеј со Барса, 52 во кариерата

Освојувањето на Суперкупот на Каталонија за Кирил Лазаров е втор трофеј во дресот на Барселона оваа сезона по Суперкупот на Шпанија. Во својата четврта сезона во дресот на Каталонците Лазаров стигна до 19 трофеј, а вкупно 52 во кариерата.
Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)
Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 3 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 3 со Барселона) (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
4 пати (1 со Атлетико Мадрид и 3 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 4 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
3 пати (со Барселона)




