Лазаров најефикасен, Барса лесно до четврта победа во ЛШ

Барселона - Кадети Шафхаузен 38:25 (21:12)
Ракометарите на Барселона се првата европска екипа која извојува четири победи од исто толку натпревари во Лигата на шампионите. Првакот на Шпанија пак воден од нашиот Кирил Лазаров го надигра својот противник од Швајцарија, Кадети Шафхаузен и го совлада со 38:25 (21:12). Во текот на сите 60 минути домашната екипа водеше и не дозволи воопшто да има драма во мечот, кој беше предвиден како сигурна победа.
Домаќините започнаа енергично и преку Ривера и Раул Ентрериос поведоа со +3. Предноста се зголемуваше, Лазаров погоди од игра и од седмерци и во 20 минута веќе беше +5. „Портокаловите" останаа без реакција и предноста за момците на Пасквал до одморот порасна до 21-12.
Второто полувреме беше егзибиција и рутинско приведување кон крај на домашната екипа. Гледачите ужуваа во атрактивни потези на Ривера, Томас, Раул Ентрериос и Лазаров. На крајот Лазаров даде 7 гола, а Камил Сипржак со 5 погодоци без промашување го следеше неговиот чекор. Следеа Валеро Ривера со 4, а по 3 гола постигнаа Сораиндо и Ентрериос. Кај Кадетен Шафхаузен најефикасен беше Лука Марош со седум гола.
Во следниот петти натпревар Барселона го пречекува европскиот вицешампион Веспрем на 22 октомври во „Палау Блауграна".
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




