Барса го освои Сантандер за 100 победа по ред во ASOBAL лигата

Синфин – Барселона 22:27 (12:13)
Во првиот натпревар од 9 коло на ASOBAL лигата, Барселона во Сантандер го совлада тимот на Синфин со 22:27 (12:13) и ја забележа 100 победа по ред во шпанското ракометно натпреварување, а 133 победа во сите шпански натпреварувања. Ова постигнување одамна претставува рекорд, а истиот ќе се надградува и тешко дека во догледно време може да биде достигнат.
Домаќините започнаа во голем стил и поведоа со 3:0 со головите на Серано и Редондо. Сепак крилата на Барса, Томас и Ривера дадоа по еден гол за 4:4 по 10 минути игра. Но, домаќините од Сантандер беа мотивирани и благодарение на Лапиња и Окар Рио до финишот на првиот дел ги одржуваа тие 1-2 разлика. Сепак Борко Ристовски со неколку одбрани го врати својот тим во игра и при 12:10, следеа голови на Нгесан и Нодесбо за 12:13 на полувреме.
По две израмнувања на почетокот на вториот дел при 15:15 први се одлепија гостите и преку Арињо и Валеро Ривера заминаа на +3. Барса влезе во ритам и Лазаров погоди за 18:23, а потоа и Нодесбо за зацементира победата со гол за +6. Гонзало на голот само го стопира последниот обид на кантабријците да се вратат во мечот. На крајот 22:27 и деветта победа во ASOBAL лигата оваа сезона.
Во екипата на Барселона Лазаров постигна 2 гола, а Борко Ристовски имаше 7 интервенции. Томас и Нодесбо со по 4 гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Лапења постигна 5 гола во поразениот тим на Синфин.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




