hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Седми меч и седма ASOBAL победа за Барселона

lazarov gol frigo

Фригорификос Моразо - Барселона 23:42 (12:21)

Барселона незадржливо реди победи во домашниот шампионат. Екипата на нашите интернационалци Борко Ристовски и Кирил Лазаров на гостувањето кај Фригорификос Моразо се радуваше со 23:42 (12:21).

Почетокот на мечот беше единствениот дел од натпреварот во кој домашниот тим парираше. Ритамот го диктираа фаворитите од Каталонија, одлично во мечот влезе младиот Мем (90% успешност во реализацијата), Нодесбо кој реализираше од линијата и брзите крила кои се заштитен знак на првакот на ASOBAL лигата.

Второто полувреме беше монолог на гостите, Борко Ристовски бранеше подобро и подобро и неизбежна беше седмата победа на Барселона во домашниот шампионат (23:42).

На полесен начин од претходните мечеви, екипата на Хавиер Пасквал постигна преку 20 гола во првиот дел и го „скрши" отпорот на домаќините. Во екипата на Барселона, Кирил Лазаров постигна еден гол, а Борко Ристовски собра 11 интервенции.

Во победничкиот состав Дика Мем постигна 6, а Нодесбо 5 гола. Давид Солињо Гарсија со 7 гола беше најистакнат поединец во екипата од Кангас.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

Share