Првите луѓе на РФМ во посета на кампот „Кирил Лазаров 7“
![]()
Во текот на денешниот ден претстедателот и генералниот секретар на РФМ, Живко Мукаетов и Филип Милошевски, беа во посета на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7" каде што на лице место имаа можност да се запознаат со она што е реализирано на кампот на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.
Барса во вториот шешир пред ждрепката од Лигата на шампионите
![]()
Првакот на Шпанија, Барселона се најде во вториот шешир за ждрепката за новата Лига на шампиони, која ќе заполне оваа есен, а титулата ќе ја брани Киелце. Токму полските ракометари се единствени со кои Барса на Лазаров не може да се сретне во А или Б групите на Лигата на шампионите. Ждрепката е на 1 јули во Данска.
Познат "возниот ред" за групата на Македонија во Мец
![]()
Денес светската ракометна федерација компјутерски ги одреди сите натпревари до Светскто првенство во ракомет, па понато е кога ќе се сретнеме со нашите пет ривали во рамките на Б групата во Мец.
Македонија ги доби противниците за Мундијалот во Франција
![]()
Македонската репрезентација ги дозна противниците за Светското првенство во ракомет во јануари следната година ќе се одржи во Франција. На денешната ждрепка во Париз нашата селекција се најде во групата Б, а ривали ни се Шпанија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола.
Лазаров: Имаме многу квалитетен стручен тим, со кој децата ќе напредуваат
![]()
Вчера во Охрид стартуваше вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7" на кој ќе учествуваат околу 250 деца. Учесниците на кампот поделени се во пет групи, според нивниот квалитет и возраст, распоредени кај врвни тренери со високи амбиции. На идните шампиони им се обрати Кире Лазаров, кој во името на тимот го претстави проектот како многу посолиден од првиот камп.
Македонија во третиот шешир пред Мундијалската ждрепка
![]()
Македонската ракометна репрезентација ждрепката за групната фаза на наредното Светско првенство во Франција ќе ја дочека од третиот шешир. ИХФ во пресрет на церемонијата во „Хотел де вил" во Париз ги одреди шеширите кои се базираат без последните резултати на селекциите учесници.
Денес почнува вториот камп „Кирил Лазаров 7“
![]()
Денес во Охрид стартува вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7", кој оваа година ќе се одржи во две смени од 17-23 и 24-30 јуни. Над 250 момчиња и девојчиња од сеудм земји ќе се едуцираат и дружат со најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.
Македонија по петти пат ќе игра на Светско првенство
![]()
Македонскиот ракомет следниот четврток во престижен хотел во Париз ќе има свои претставници меѓу 24 селекции, кои следниот јануари 2017 година ќе учествуваат на Мундијалот во Франција.
Подвигот комплетиран, Македонија ја прескокна Чешка и обезбеди Мундијал
![]()
Македонија - Чешка 34:27 (19:11)
Македонската машка ракометна репрезентација го продолжи континуитетот и се квалификува на СП во Франција следната година. Момците на Лино Червар со супериорна игра го надоместија заостанувањето од минатата седмица од Злин кога загубиј од Чешка со 22:28, и со 34:27 го обезбедија Светското првенств во Франција. За подвигот придонесе и присуството на Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски, кои последен пат настапија во репрезентативниот дрес.
Лазаров: Ова е тешка мисија, но се надевам остварлива
![]()
Македонската ракометна селекција ги доживува најтешките моменти во поновата историја. По очајниот настап на ЕП во Полска и неуспехот во квалификациите за пласман на ЛОИ во Гдањск, во пресрет на реванш дуелот од бараж средбата за СП против Чешка се наоѓаме во тешка ситуација, со шест гола негатива. Капитенот Кирил Лазаров, како и по мечот во Злин, така и денес истакна дека е оптимист, но и дека мора да се биде реален.




