hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барселона го освои Суперкупот на Каталонија со победа над Гранољерс

copa katalunia

Барселона – Гранољерс 30:25 (14:14)

Ракометарите на Барселона го освоија вториот трофеј оваа сезона, откако вечерва во Љобрегат во салата „Хуан Карлос Наваро" го совладаа Граноњерс со 30:25 (14:14) во финалето на каталонскиот Суперкуп.

Барселона одлично го започна натпреварот, со шаренолик, но мотивиран состав. Момците на Пасквал со Борко Ристовски меѓу стативите, Нгесан, Ласе Андерсон и Дика Мем брзо го принудија тренерот на Граноњерс, Карлос Вивер на тајм-аут при 5:1. Продолжи силниот ритам на фаворитот и Нодесбо и Арињо погодија за 9:3 на половина полувреме. Борко на голот бранеше подобро и подобро и „бело-сините" останаа без реакција.

Лазаров влезе во игра на средина од првиот дел и веднаш погоди од девет метри за +4. Но, ракометарите на Гранољерс веруваа и не се предаваа. Борко Ристовски одбрани седмерец, но Фигуерас даде три неодговорени гола и намали на 11:9. Кога Маркез со лоб удар намали на 11:10, Пасквал побара минута одмор. Барса излезе од ритам и на влезот во последната минута Фигуерос израмни на 13:13. Во последната минута од првиот дел Лазаров погоди за Барса, а Маркез на одмор израмни на Гранољерс (14:14).

Второто полувреме започна со два неодговорени гола на фаворит, а и Гонзало погоди од својот на противничкиот гол за 20:17 во 40 минута. Следеше период на грешки од двете страни пред Дика Мем во 48. минута да погоди за 24:21. Кога Ривера реализира контранапад, при 26:21, клупата на Гранољерс побара минута одмор. Со многу рутина Барса го приведе мечот кон крај за 30:23 и 28 трофеј во 34 финалиња на Суперкупот во витрините на најславниот европски клуб.

Во екипата на Чави Пасквал, Кирил Лазаров постигна 2 гола, а Борко Ристовски во првиот дел имаше исто така позитивно моменти. Жалуз со 6 и Ровера со 5 гола беа најефикасни во таборот на победниот. Кај Граноњерс се истакна Фигуерас со 7 постигнати гола. Ова е четврт триумф по ред за Барса во каталонскиот Суперкуп во последните пет години и секогаш со победа во мечот за титулата над Граноњерс. Еднаш во сезоната 2014/15 Суперкупот не се одржа заради недостаток на термин за финалето. Ова е 28. титула за најтрофејната европска екипа од 34 изданија на ова натпреварување.

Share