Рекорден јануари за официјалната веб страна на Кирил Лазаров
![]()
Како и секој јануари во последните неколку години, така и овој, официјалната веб страна на Кирил Лазаров собори рекорди по посетеност, следеност и читаност на овој медим. Посебно „фрекфентна„ беше втората половина од месецот, кога македонската ракометна репрезентација предводена од Кирил Лазаров учествуваше на светското првенство во ракомет во Катар.
И во ASOBAL лигата, рутинска победа на Барса
![]()
Арагон - Барселона 27:35 (15:17)
На гостувањето во Сарагоза, првакот го имаше првиот меч во пролетниот дел од ASOBAL лигата. Барселона брзо поведе со 0:3 со два гола на Рутенка и еден на капитенот Виктор Томас. Арињо и Делгадо ја донесоа реакцијата на екипата на Арагон и домаќинот се доближи до 5:6 во 12 минута. Тој ритам на изедначена игра и на менување на водствата, преовладуваше во текот на целото прво полувреме. Алваро Дел Вале Наваса во 18 минута израмни на 8:8 и им даде дополнителна самодоверба на ракометарите на домашниот Арагон.
11 гола предност пред реваншот и скоро сигурно полуфинале за Барса
![]()
Куп на шпанскиот Крал - Четвртфинале - прв меч
Барселона - Натурхаус Ла Роха 39:28 (20:13)
Само три дена по завршувањето на светското првенство во Катар, Барселона и Натурхаус Ла Роха, најдобрите две екипи од минатата сезона го одиграа првиот меч од четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал. Домашната екипа многу правилно му пристапи на мечот и веќе по првите два напади Рутенка и Гурбиндо му донесоа 2:0 на фаворитот. Реакцијата на гостите од Логроњо беа головите на кружниот напаѓач Ромеро и на бразилецот Тиагус Петрус за 3:3 во 5 минута. И покрај исклучувањето на Арињо, Барса со играч помалку се одлепи и со нови два гола на Рутенка и еден на Саубич, екипата на Пасквал дојде до +3 во 10 минута.
Најтешкиот можен испит по мундијалот
![]()
Денес, само три дена по финалето на светското првенство, Барселона го игра многу значајниот натпревар од четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал притив Натурхаус Ла Роха. Во „Палау Блауграна„ ќе бидат поздравени тројцата освојувачи на медали: Карабатиќ, Сорондо и Шариќ, а потоа потребна е што е можно повисока предност пред возвратниот натпревар во Логроњо.
Сорондо и Карабатиќ ја комплетираат златната колекција на играчи на Барселона
![]()
Евидентно беше дека ракометарите на Барселона доминираа на мундијалот во Катар и голем дел од нив ја остварија целта и влегоа во нокаут фазата. Двајца од нив, французите Седрик Сорондо и Никола Карабатиќ во неделата станаа светски прваци по победата на Франција над Катар од 26:22.
Лазаров, седми ракометар на мундијалот во Катар според ЕХФ
![]()
Според официјалната веб страна на ЕХФ, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е седми најдобар ракометар на неодамна завршеното Светско првенство во Катар. ЕХФ го прогласи нашиот капитен за седми најдобар ракометар во Катар во конкуренција на ракометарите кои настапуваат во Лигата на шампионите.
Омејер е МВП на мундијалот во Катар
![]()
Голманот на француската репрезентација Тјери Омејер е прогласен за најкорисен играч на 24 светско првенство, кое вечерва заврши во Катар. Со одличните натпревари во нокаут фазата, ветеранот кој ја освои својата четврта титула, заслужено го понесува ова признание. Во идеалниот тим има место уште за неговиот сонародник Никола Карабатиќ.
Кајли Миног за крај на мундијалот
![]()
Како и по секој многу важен натпревар овие 18 дена, организаторот - Катарскиот олимписки комитет подговтува и музички спектакл по завршувањето на вечерниот натпревар. Вечерва по церемонијалот на свеченото затворање, некаде околу 22:30 по катарско време (20:30 по средно европско) концерт во „Лусаил арната„ ќе одржат Мани Хофман, Тајо Круз и Кајли Миног.
Дефиниран конечниот пласман на мундијалот
![]()
По завршувањето на финалниот натпревар, познат е дефинитивниот пласман на 24 светско првенство. По двете титули во 2009 и 2011 година и лошиот пласман во Шпанија во 2013 година, Франција ја врати титулата во свое сопствеништво и со пет круни е водечка на вечната листа на светските ракометни првенства за мажи. Македонија со деветтото место го оствари најдобриот пласман на светските првенства.
Четврто злато за Омејер, Фернандез и Динар
![]()
Победата на француската репрезентација претставува рекордна петта нивна светска титула, а и инвидуалните постигања се исто така за историјата. Клод Онеста ја освои третата светска круна и го мина неговиот претходник Даниел Костантини. Тјери Омејер и Жером Фернандез по четврт пат освоија светско првенство откако и двајцата ја имаат колекција (2001, 2009, 2011, 2015). Истиот број на медали ги има и Дидие Динар, но ова му е прва мундијалска како дел од стручниот штаб.




