hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Гајиќ најстрелец, Хансен најдодавач, Марковиќ МВП

BELARUS VS SLOVENIA 150117Qatar 2015 M13 BLR vs SLO- DAZ3877 xlarge

Со денешните два натпревари скоро и да е извесно дека Драган Гајиќ ќе биде најдобар стрелец, Микел Хансен најдобар асистент, а Жарко Марковиќ, најкорисен ракометар на 24 светско ракометно првенство. Преостануваат уште два натпревари по кои ќе добиеме математичка потврда за извесниот епилог во сите три категории.

Повеќе...

Хансен и Кристијансен на Данска му го донесоа петтото место

Croatia vs Denmark 150131Qatar 2015 M86 CRO vs DEN- DAZ8919 xlarge

Не е секогаш лесно да се пронајдат мотиви во меч во кој само престижот е во игра. Но сепак на светско првенство нема неважни мечеви, па така Данска и Хрватска бараа позитивен меч за крај на својот шампионат. Данска помотивирано го одигра почетниот дел од мечот и тоа влијаеше на целиот тек на мечот. Мортенсен и Хансен отворија со лесни голови и користење на противничките грешки.

Повеќе...

IHF ја казни полската федерација и нивниот доктор

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT-EFE xlarge

Ракометната репрезентација на Полска заработи драконска казна од страна на IHF поради навредите и клеветите кои поразените полјаци ги кажаа по полуфиналниот натпревар со Катар на мундијалот во Доха. Изречена е парична казна, а најлошо мина докторот на репрезентацијата Рафал Марковски, кој заработи суспензија од шест месеци заради „долгиот јазик„ по завршувањето на мечот.

Повеќе...

Генсхајмер на Германија му подари олимписки квалификации

Germany vs Slovenia 150131Qatar 2015 M85 GER vs SLO- OB 0100 xlarge

Словенците подобро го почнаа мечот и благодарение на Јуре Натек кој постигна пет гола во првиот дел, поведоа со 4:7. Но Сигурдсон побара тајм-аут, Хајденветер влезе во посакуван ритам и германците се вратија во мечот. Генсхајмер погоди пет пати, неговите соиграчи дојдоа до 8:8, а потоа и ритамот и психолошкиот момент беше на нивна страна.

Повеќе...

Франција го пријави Онрубија на местото на Гребиј

samuel honrubia

Повредата во првото полувреме на мечот со Шпанија, го оневозможи младиот талентиран лев бек на Монпеље, Метју Гребиј да го игра своето прво финале на светско првенство. Затоа Онеста денес на пладне ја изврши очекуваната замена, па на местото на Гребиј го сврсти крилото Онрубија, кој исто така е повреден и мали се шансите да се опорави на време и да заигра во финалниот меч.

Повеќе...

Полското ЕУРО ќе биде најспектакуларно до сега

SDC10776

На 11 и пол месеци до почетокот на наредното машко европско првенство, Полска одржа презентација на која потврди дека уште сега е подготвена за како што велат најспектакуларното европско првенство. По организацијата на фудбалското европско првенство заедно со Украина во 2012 година и светското првенство во одбојка оваа година, полјаците покажаа сериозност и околу наредниот голем ракометен самит по мундијалот во Катар. На 391 ден до стартот на шампионатот, Полска ги одреди градовите каде ќе се игра шампионатот. Гдањск, Катовице, Вроцлав и Краков со нови арени ќе му се претстават на ракометниот свет. Во сите четири града ќе се игра првата групна фаза, а во вторите групни натпревари домаќините ќе бидат Вроцлав и Краков.

Повеќе...

Финалето без Капоте и Гребиј

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- OB 9455 xlarge

Во финишот на првото полувреме, младиот француски репрезентативец Матје Гребиј незгодно падна и го повреди рамото, па до крајот на полуфиналето против Шпанија не влезе во игра. Констатирано е дека се работи за изместување и сигурно нема да игра на мечот в недела против Катар. Неговото отсуство од ракометните терени се предивидува да биде 3-4 недели.

Повеќе...

Гајиќ го осигура првото местото на листата на стрелците

gajic slovenia

Со 12 гола на мечот со Данска, крилото на Монпеље и на словенечката репрезентација Драган Гајиќ побегна на врвот на листата на стрелците и на еден натпревар до крајот за секоја од осумте репрезентации, тој има големи шанси да биде крал на стрелците.

Повеќе...

Франција по петтата мундијалска титула во 20 години

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA-SUKI8730 xlarge

Во било кој спорт е неверојатно да се освојат пет светски титули за 20 години. По такво постигање в недела ќе тргне Франција, која ако го совлада Катар ќе биде најтрофејна светска ракометна сила, минувајќи ја Шведска, а и старата сила Романија. Кога во 1995 година дојдоа на Исланд, французите немаа ниту едно злато од светските првенства, а сега имаат четири со големи шанси да стигнат и до пет. Низ овие светски титули, измешани се европски и олимписки медали, главно златни.

Повеќе...

Словенија или Германија за Рио, Катар и Франција за златото

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA-SUKI2303 xlarge

Познати се сите завршни натпревари на последниот трет викенд на светското првенство во Доха. За прв пат едно европско - азиско финале и историска можност Катар да ја продлабочи својата легенда. Нема дилема дека „невозможна мисија„ ќе им биде обидот да го совладаат најсилниот модерен ракометен тим, но в недела за нив е последниот испит. Во завршните натпревари, покрај златото, влогот е и бронзата и олимписката норма.

Повеќе...