
Како и минатата година, Барселона го доби данскиот Алборг за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите. Виенската ждрепка која донесе германски и француски меѓусебен дуел, на каталонците им го донесе вицешампионот на Данска, а не Монпеље и Натурхаус Ла Роха, кои исто така беа потенцијални противници.
Осминафинале
Алборг - Барселона
Висла Плок - Вардар
Фленсбург - Кил
Денкерк - ПСЖ
ППД Загреб - Колдинг
Монпеље - Киелце
Натурхаус Ла Роха - Веспрем
Рајн Ловен Некер - ПИК Сегедин
Првите натпревари ќе се играат викендот од 11 до 15 март, а возвратните пд 18 до 21 март. Точниот датум на одигрување на средбaте ќе биде одреден во најскоро време, во зависност од ТВ права.