Повторно се враќа играта „Handball manager„

Сите ракометни фанови повторно ќе имаат можност да се забавуваат со популарната компјутерска игра „Handball mаnager„ која со екипите и звездите од Лигата на шампионите ќе можат да ја играат сите заинтересирани. По принципот на претходното издание, а многу слично како фудбалскиот „Football manager„ секој вљубеник во спортот и компјутерските игри ќе можат да ги одберат своите омилени ракометари, да ги менуваат, да ги вреднуваат и да ги играат натпреварите.
Ова е убава можност ракометната игра да добие на популарност и публицитет, а како доаѓа нокаут фазата од Лигата на шампионите, играта треба да се шири и да станува поактуелна. Дури и вашата омилена екипа во оваа игра може да ги купи Лазаров и Карабатиќ и да ја освои Лигата на шампионите. Треба само да ги откриете тајните на „Handball manager„ и веднаш да се заљубите во оваа компјутерска игра.




