hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пак убедлив триумф и 50 победа по ред во ASOBAL лигата за Барса

barca - frigorifikos morazzo

Барселона - Фригорификос Моразо 43:22 (24:11)

Откако ја завршија работата во групната фаза на Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона продолжија да ги бркаат рекордите во домашното првенство. Поусада го постигна првиот гол во мечот за Фригорификос Моразо, но Барса беше силно мотивирана да дојде до јубилејната 50 победа во серија во ASOBAL лигата.

Најнапред Рутенка, па Гурбиндо преку зоната и Арињо од контранапад за само 5 минути го свртија резултатот до 5:2 за каталонците. Серкеира Родригез со два гола во мрежата на Данијел Шариќ намали на 6:5 во 10 минута. Кога ќе заиграа поконцентарирано во одбраната, шампионите немаа проблеми и со голови на крилата Томас и Арињо на половина од првиот дел, Барса поведе со 11:5. За краток временски период, фаворитот поврза серија 8:1 и предноста порасна до 14:6. Рутенка и Гурбиндо го направија одлучувачкото одлепување, а црногорецот Муратовиќ погоди по 9 минути без постигнат гол за ракометарите на Фригорификос Моразо.

Пасквал го изротира целиот ростер и првите голови ги постигнаа и Нодесбо и Жалуз за 18:8 во 22 минута од мечот. Извесно беше уште пред крајот на првиот дел како ќе се одвиваат работите. Саубич од крилна позиција и Гурбиндо уште еднаш го завршија првиот дел со голови за убедливи 24:11 за Барса. Вториот дел започна со голови од двете страни, па Магдалено и Отеро за Фригорификос Моразо намалија на 25:14 во 34 минута. Гонзало Варгас застана на голот на Барса, а и Кирил Лазаров доби минутажа. На негово додавање, Нодесбо реализираше од шест метри за 26:14. Пак домашната екипа „нагази„ и Томас и Раул Ентрериос ја наполнија мрежата на Миле Мјушковиќ за 30:14 во 40 минута. Нашиот капитен погоди два пати во серија за 34:14 и највисока предност во мечот во 44 минута.

Својот трет гол, македонецот го постигна во 48 минута за 35:15. Во 55 минута, Барселона преку Рутенка дојде до 40 гол на средбата. Чиста рутина беше завршницата која доведе до нова 50 победа по ред на Барселона во ASOBAL лигата (43:22). Рекордот на Грањолерс од 72 победи во серија од седумдесеттите, не изгледа недостижно. Во победничката екипа Жалуз постигна 7 гола, Рутенка додаде 6 без промашување, Гурбиндо беше автор на 5, а Лазаров на 3 гола. Кај Фригорификос Моразо Росалез Поусада со 6 и Ален Муратовиќ со 5 гола беа најпозитивни во нерамноправниот дуел во „Палау Блауграна„.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share