
Десниот бек на Барселона и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров ја заврши групната фаза на Лигата на шампионите на врвот на листата на стрелците со 76 гола по 10 одиграни натпревари. Во последните четири кола тој застана на врвот и само ја зголемува предноста. Лазаров има 7 гола повеќе од Дибиров и 9 од Илиќ.
Листа на стрелци по групната фаза на Лигата на шампионите:
1. Кирил Лазаров (Барселона) 76
2. Тимур Дибиров (Вардар) 69
3. Момир Илиќ (Веспрем) 67
4. Александер Деревен (Чеховски медведи) 62
Драган Гајиќ (Монпеље) 62