Седум шпански тренери во осминафиналето на Лигата на шампионите

Шпанските тренери се на цена во Европа. И оваа сезона во Лигата на шампионите нивниот квалитет излегува на површина и дури седум шпански тренери ќе ги водат своите екипи во осминафиналето на Лигата на шампионите. Покрај Хавиер Пасквал и Хавиер Гонзалез кои ги водат шпанските претставници во нокаут-фазата Барселона и Натурхаус Ла Роха, и останатите европски клубови посегнуваат по шпанските тренери. Така македонскиот претставник, Вардар во својот стручен штаб ги има Раул Гонзалез и Давид Дејвис, кои беа дел од Атлетико Мадрид кога Кирил Лазаров настапуваше за црвено-белите.
Тренер на таа екипа беше Талант Душебаев, кој денес го води полскиот првак Киелце. Во Полска работи и шпанскиот селектор Маноло Каденас, кој ја предводи Висла Плок. Минатата година на Final four стигна и унгарскиот првак Веспрем, кој веќе трета сезона е со шпанецот Ортега на клупата. Во Унгарија одлично работи и Хуан Карлос Пастор, кој со ПИК Сегедин ја мина групната фаза. Никогаш во ова натпреварување немало седум тренери од една иста земја и тоа јасно го потврдува квалитетот и стручноста на тренерите од ASOBAL лигата. Од нив само Пасквал и Душебаев ја освоиле Лигата на шампионите, а само Пасквал одкако таа се одржува со овој формат со Final four.




