hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса без четворица стартери одпатува во Истанбул

1476062 890898250920304 5478541437015136303 n

Со победата против Колдинг Копенхаген на домашен терен минатата недела, ракометарите на Барселона го осигураа првото место групата и со тоа нешто поповолен противник во осминафиналето. Затоа утрешното гостување во Истанбул против Бешикташ, тренерот Пасквал ќе го одигра со комбиниран состав, но и покрај тоа со фаворитската улога кај каталонците. Седрик Сорондо, Никола Карабатиќ, Раул Ентрериос и Витор Томас останаа во Барселона и добија поштеда од стручнот штаб во мечот во кој само престижот е во игра.

По 17 години, Барселона се враќа во Турција на меч од европските купови, а традицијата е 100% позитивна. И покрај прогресот на Бешикташ и турскиот ракомет, сепак разликата во класи е евидентна и со тоа Нинчевиќ и другарите тешко дека можат до подвиг против шпанскиот шампион и најтрофејната европска ракометна екипа.

Share