
Во вторник на 24 февруари во 12:30 часот „Гартен Хотел„ во Виена ќе биде извршена ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите. Термините за одигрување на мечевите од осминафиналето се 11-15 март и 18-22 март, со тоа што Барселона и останатите прво и второ пласирани во групите, возвратните мечеви ќе го играат на домашен терен.
Победници во групите покрај екипата на Лазаров, уште се Кил, Веспрем и Киелце. Потенцијални противници на шпанскиот првак се Натурхаус Ла Роха, Монпеље и една од четирите екипи кои се борат за подобра позиција во групата: Алборг, Шафхаузен, Данкерк или Мотор Запорожје.