Македонски судии за мечот на векот во Катар
![]()
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го водат првиот натпревар од четвртфиналето на мундијалот помеѓу Катар и Германија. Според најавата за премиите на домашните ракометари и стручниот штаб, ова ќе биде натпревар кој има најголем влог во историјата на ракометот, преку 30 милиони долари. Начевски и Николов ќе имаат голема одговорност како никаква досега. Данските судии Хансен и Гјединг ќе го водат мечот Хрватска - Полска, чесите Новотни и Хорачек се делегирани за мечот Словенија - Франција, а Гајпел и Хелбиг од Германија ќе ја имаат најтешката задача да ја делат правдата на мечот Данска - Шпанија.
Катар ја разбива европската доминација
![]()
Скоро секогаш ракометот бил европска игра. Не само што не освојувале титули на мундијалите, туку претсавниците на другите континенти, многу тешко доаѓале и во завршницата. Катар попладнево против Германија брка историско полуфинале, кое последен пат една неевропска репрезентација го изборила во Тунис 2007 година, кога домашната репрезентација влезе меѓу четирите најдобри и подоцна го освои четвртото место.
Четвртфинален ден на мундијалот
![]()
Денес е ден за четвртфиналните натпревари на мундијалот во Катар. Тие ќе се играат во термините од 16:30 и 19 часот. Хрватска - Полска (Лусаил арена) и Катар - Германија (Ал Саад) ќе играат од 16:30 часот, а победниците од овие натпревари в петок, во истиот термин ќе се сретнат во полуфиналето.
Скок на Салинас на листата на стрелците
![]()
Со своите 11 гола на денешниот меч од Президент Купот против Алжир, најдобриот и најефикасниот чилеански ракометар, Родриго Салинас изби на второто место на листата на стрелците, веднаш зад водечкиот Драган Гајиќ. Скок до петтото место направи и белорусинот Сергеј Рутенка, кој постигна 12 гола на мечот на неговата селекција против Чешка. Сепак и за Салинас и за Рутенка, денешниот беше последен меч за мундијалот. Салинас со 78 поени го мина Лазаров и во трката за МВП на мундијалот.
Се знае кој на кое место е од 9 до 24 позиција
![]()
Синоќа со одигрувањето на последните мечеви од осминафиналето, познат беше пласманот на селекциите од 9 до 16 место на светското првенство во Катар, а денес заврши Президент Купот и со тоа настапите на репрезентациите кои беа на 5 и 6 место во своите групи и кои добија утешни два натпревари во „Духаил арената„
Ракометарите конечно пристигнаа во Скопје
![]()
Најдобрите македонски ракометари утринава, по преноќувањето во Истанбул поради доцнењето на летот од Доха за Турција, пристигнаа во Скопје на аеродромот „Александар Велики„ по настапот на мундијалот во Катар. Тие беа пречекани од ракометните фанови и нивни пријатели, како и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
ВИДЕО: Како Барселона гледа на феноменот Лазаров?
![]()
Густаво Хозе Галваче Тена е човекот задолжен за јавноста во ракометната секција на Барселона. Без него ништо не може да мине, па и мундијалот. Барса има голем број на учесници на ова светско првенство и Густаво ги следи сите од местото на настанот, се обидува да ги охрабри пред важните мечеви, а за македонските медиуми говореше и за тоа што претставува македонскиот интернационалец во големото семејство, Барселона:
Гајиќ прв стрелец, Хансен прв додавач, Лазаров МВП по 6 меча
![]()
Словенецот Драган Гајиќ е прв стрелец, данецот Микел Хансен прв асистент, а нашиот Кирил Лазаров најкорисен играч по шест одиграни натпревари на светското првенство во Катар. За жал, Лазаров не може да го подобри своето постигање, бидејќи македонската репрезентација е надвор од турнирот. Вака изгледаат најважните статистички категории по осминафиналните мечеви.
Доцнењето на летот ги заглави ракометарите во Истанбул
![]()
Според планот утринава во 11 часот по средно европско време, нашата репрезентација требаше да го почне својот лет за дома. Два и пол часа доцнеше летот од Доха за Истанбул и заради тоа доцнење, нашата делегација не успеа да го стигне колегираниот лет од Истанбул за Скопје.
Македонија и официјално деветта во светот
![]()
По завршувањето на денешните четири средби од осминафиналето на светското првенство во Катар, познат е дефинитивниот пласман на селекциите од 9 до 16 место. Македонија и официјално е деветта, што значи најдобро пласирана од елиминираните репрезентации во осминафиналето. Зад нашиот национален тим останаа Шведска, Исланд, Египет, Тунис, Бразил, Аргентина и Австрија. Ова е најдобро наше постигање на светските првенства, откако во Египет 1999 година бевме на 18, во Хрватска на 11, а во Шпанија на 14 место.




