
Кирил Лазаров oчекувано се најде во идеалниот тим по групната фаза од Лигата на шампионите, според „Hand- station". Во идеалниот состав се и голманот на Веспрем, Роланд Миклер, неговиот клупски колега Момир Илиќ, десното крило на Монпеље, Драган Гајиќ, кружниот напаѓач Камил Сипржак од Висла и вардарците Карачиќ и Дибиров.
„Македонецот кој даде 76 голови на 10 натпревари не можеше да биде изоставен од идеалниот тим. Тој е класичен егзекутор, на Фленсбург му даде 19 гола на два меча и веќе не е изненадување да го гледаме како прва опција на позицијата десен бек на вакви избори" пишува „Hand-station" за Лазаров.