hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Дваесетта ASOBAL победа оваа сезона за Барселона

cuenca - barca

Сиудад Енкантада - Барселона 27:39 (13:19)

На гостувањето во Куенка, Барселона имаше еден од последните сериозни испити пред двомечот со Алборг во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тамба Бунке и Валез Фернандез подобро го отворија натпреварот и Сиудад Енкантада поведе со 2:0. Кирил Лазаров со два гола во раната фаза, ја донесе реакцијата на гостите и Барса намали на 4:3 во 7 минута. Потоа македонецот реализира седмерец за 5:4 и почетокот навестуваше нешто поизедначен натпревар и голема борба. Со уште два гола Тамба Бунке се наметна како „ударна игла„ во екипата на Сиудад Енкантада и домаќинот поведе со 7:5 во 14 минута.

Потрагата по домаќинот и неговото водство, Барса го заврши во 19 минута кога Карабатиќ и Саубиќ погодија за 8:8. Од тој момент беше јасно дека Барса нема да го ја испушти шансата, налетот да го претвори во осетлива предност. Гонзало и одбраната беа на висината на задачата, Лазаров постигна два нови гола, му помогнаа и Раул Ентрериос и Карабатиќ и Барса во 26 минута веќе имаше 11:16. Серија од 10:3 за избраниците на Пасквал, по кои беше јасно кој е кој во овој натпревар. До одморот нов гол, петти по ред за Тамба Бунке за Сиудад Енкантада и гол за Никола Карабатиќ за Барса за убедливи 13:19 на полувреме. Истата инерција од крајот на првиот дел, продолжи и на почетокот од второто полувреме. Томас и Сорондо сега се придодадоа до головите на бековите, а и Жалуз за прв пат ја погоди противничката мрежа во 38 минута за 18:25.

Бившиот член на Барселона, Белегер со два гола во мрежата на Гонзало ја прекина серијата на голови на шампионот (21:28). Во централниот дел од полувремето се разбрани Гонзало Перез и не дозволи домаќинот од Куенка да се врати во натпреварот. По 6 минути, Рубио успеа да го совлада од седмерец за 25:32 во 49 минута. Немаше никакви дилеми околу победникот и Сигурдсон и Рутенка со нови голови ја направија предноста скоро па двоцифрена (26:35). Барса се доближи до својот просек од 40 постигнати гола и покрај желбата и мотивите, Сиудад Енкантада тука немаше што да стори. На крајот убедливи 27:39 за уште една, 20 по ред победа оваа сезона во ASOBAL лигата за шампионот. Најефикасни во победничката екипа беа Лазаров, Томас и Сигурдсон со по 5 гола, 4 постигна Рутенка, а Гонзало на голот собра 14 интервенции. Со демонстрација на сила, Барселона уште еднаш покажа дека во шпанската лига нема конкуренција. Во тимот на Сиудад Енкантада, Тамба Бунке со 8 гола беше убедливо најпозитивниот и остави солиден впечаток. Домингез имаше 9, а Ибањез 6 одбрани на голот на домашната екипа.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share