
За гостувањето во Куенка против Суидад Енкантада, каде лидерот Барселона ќе ја брка 19 победа во ASOBAL лигата оваа сезона и вкупно 51 по ред во најсилното шпанско првенство, тренерот Паскал нема да може да смета на двајца стандардни ракометари. Голманот Даниел Шариќ и средниот бек Даниел Сармиенто заради лични причини се ослободени од обврските за овој натпревар и не ни одпатуваа за Куенка.
Таму Пасквал со себе победе 15 ракометари, меѓу кои е и голманот на младинската екипа, Фран Ривуелта. Мечот Сиудад Енкантада - Барселона, Лазаров и соиграчите ќе го играат в сабота од 18 часот.