
Германските судии Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг се делегирани за делење на правдата на вториот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и ППД Загреб в сабота од 18:30 часот во „Палау Блауграна„ во Барселона. Делегати на ЕХФ се Панос Антониу од Кипар и Феликс Рац од Швајцарија.
Откако унгарски судии беа делегирани за мечот во Хрватска, кој каталонците го добија за два разлика, сега судии од најсилната лига на светот ќе судат на дуелот, кој решава за патникот на завршниот турнир во Келн.