hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Реприза на ланскиот Final four со Киелце место Фленсбург

vesprem - kiel

Со одигрувањето на денешните три реванш средби од четвртфиналето на Лигата на шампионоте, познати се четирите екипи, кои ќе играат на Final four завршницата во Келн на 30 и 31 мај. Во вторник ќе бидат познати полуфиналните парови, а можни противници на Барселона на Кирил Лазаров се германскиот Кил, полскиот Киелце и унгарскиот првак и победникот на СЕХА лигата оваа сезона, Веспрем.

Овие три екипи победија на денешните возвратни натпревари и ја оправдаа фаворитската улога од пред почетокот на четвртфиналето. Интересно е што за разлика од минатогодишниот петти Final four во „Ланксес арената„ го нема само германскиот претставник и актуелен европски првак Фленсбург, а на негово место доаѓа Киелце. Веспрем втора година во ред ќе игра во Келн, а Кил како и Барселона по петти пат влегува во големата четворка, откако европскиот првак се добива преку Final four. Ждрепката за полуфиналето е во вторник на пладне.

Четвртфинале:

Веспрем - ПСЖ 34:28 (16:12)

Киелце - Вардар 33:31 (16:14)

Кил - ПИК Сегедин 32:23 (18:10)

Барселона - ППД Загреб 43:21 (23:10)

Share