
„Паласио де ла Депортес Гуаиа„ во Хихон која собира 5.500 гледачи ќе биде местото, каде ќе се одржи завршницата на Купот на Кралот во ракомет на 6 и 7 јуни. Одлуката треба ASOBAL лигата да ја потврди, но сите детали се договорени и Хуанферса ќе игра на домашен терен. Четирите полуфиналисти кои ја очекуваат ждрепката наредната недела се Барселона на нашиот Кирил Лазаров, домашната Хуанферса, ланскиот фаворит Грањолерс и Анхел Хименез.
Трофејот од минатата сезона го брани Барселона, која во Хихон ќе го знае епилогот од завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн и ќе знае дали ја напаѓа шестата или седмата титула во сезоната. Адемар Леон на Димитровски и Натурхаус Ла Роха на Ацо Јоноски не го минаа четвртфиналето.