Периќ и Дибиров гости на кампот „Кирил Лазаров 7„

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7 " ќе се одржи од 22 до 28 Јуни во комплексот на „Хотел Аквалина" на брегот на охридското езеро, во организација на „КМГ Спорт", а под „диригентската палка" на најдобрата седумка во светот на ракометот, Кирил Лазаров.
- 7 дена (6 полни пансиони) со најдобрата светска седумка. Секојдневни тренинзи, совети и дебати на учесниците со најдобрата светска седумка за неговото лансирање во светската ракометна орбита, на тема „Мојот пат од Св. Николе до Барселона".
Кирил Лазаров на секој тренинг го пренесува своето животно и ракометно искуство и заедно со своите гости и најдобриот стручен тренерски кадар за млади кадегории ќе работи на запознавање со ракометната игра , но и усовршување преку индивидуален пристап со секој учесник
- Хотел Аквалина Охрид (двокреветни и трокреветни соби), хотел од висока категорија, со сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим на кампот, сопствена плажа за незаборавни моменти и извонредна местоположба
- Комплет опрема (2 маички + 2 шорца + дукс) за секој учесник на кампот;
- Комплет систeматски преглед пред одржување на кампот (со превоз до болницата и назад за сите дечиња надвор од Скопје), комплетна медицинска подршка за време на кампот и предавања за здрава исхрана, овозможено од Mедицинскиот партнер - Специјалната болница Филип Втори;
- Специјална исхрана за спортисти и едукативни предавања за значењето на исхраната во формирањето на здрави спортисти, но и здрава млада популација. Правилната исхрана како клучен фактор за физички развој на еден спортист;
- Специјални гости на кампот:
Дејан Периќ (селектор на српската ракометна репрезентација и еден од најдобрите европски голмани во историја на ракометот), суперсоничното руско лево крило од РК Вардар, Тимур Дибиров и секако „најдобрите македонски ракометари и најдобриот тренерски кадар за млади категории"
- Обезбеден превоз за секој учесник на кампот;
- Подарок за секој учесник - Првата книга на Кирил Лазаров „Седум" со своерачна посвета од авторот;
- Цената на кампот е 12.300 денари. При самото пријавување во рок од 3 дена потребно е да се уплатат 50% од вкупната цена, а 7 (седум) дена пред стартот на кампот и останатите 50%;
- Бројот на учесници на кампот е ограничен;
- Специјална сместувачка понуда за семејствата на учесниците за времетраење на кампот.
Наскоро ќе бидат познати деталите и термините за пријавување на кампот




