hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Егзибиција и убедлива победа со „виза„ за Келн за каталонците

barca na f 4

Барселона - ППД Загреб 43:21 (23:10)

Со убедливо издание и победа во која се гледа разликата во класи, ракометарите на Барселона го визираа пасошот за Келн со уште едно учество на Final four, трето по ред. Многу сериозно и организирано во двата правци тргна фаворитот и Карабатиќ на додавање на Гурбиндо веднаш донесе водство од 2:0. Ентрериос, Лазаров од седмерец и Сигурдсон уште во 6 минута најавија како ќе се одвива натпреварот.

Каталонците поведоа со 5:1 и Вујовиќ веќе мораше да ротира во својата одбрана. Благодарение на Степанчиќ и Хорват, прекината беше серијата на фаворитот, но Барса веднаш започна нова. Карабатиќ и Сигурдсон погодија по втор пат и црногорскиот тренер на клупата на гостите побара тајм-аут во 11 минута. „Машината„ на Пасквал потпомогната од Гонзало на голот и Томас од контра дојде до највисоки +8, кога Лазаров погоди од седум метри во 15 минута. Два брзи гола на Обрановиќ не го прекинаа ритамот на шпанскиот шампион. Сорондо погоди и изнудуваше казнени удари, а Сигурдсон со нов гол од контранапад во 20 минута донесе огромни 20:9.Ивиќ мака мачеше да ги сопре домашните ракометари. Со таква инерција и без ни малку притисок првиот дел заврши со 23:10 и на ППД Загреб му се закануваше катастрофа.

На почетокот на второто полувреме во игра влезе Лазаров, а со два гола на Раул Ентрериос, домашната екипа поведе со 26:12. Лазаров во 39 минута го постигна својот четврт гол за 29:13. Нодесбо се приклучи кон офанзивнкиот фестивал и погоди за 32:14 во 42 минута. Лазаров лесно го постигна својот шести гол од исто толку обиди и Барса во 46 минута поведе со +20.

barca na f4 2

И морално хрватскиот првак падна и Сармиенто во следниот напад постигна ефектен гол. Капитенот на нашата репрезентација одигра мотивирано второ полувреме и со уште два ефектни гола во 51 минута донесе ново највисоко водство (39:18). Со нов гол од седум метри Лазаров се зацврсти како прв стрелец и на мечот и во целата Лига на шампиони. На крајот катастрофа на ППД Загреб и победа на Барса од 43:21, со што каталонците комплетно ја растурија најцврстата одбрана во Лигата на шампионите и најсилниот адут на Веселин Вујовиќ.

Во победничката екипа се функционираше како што треба. Лазаров со 9 гола беше прв стрелец на средбата, но сите „штрафови„ во механизмот на Хавиер Пасквал функционираа. Гонзало бранеше одлично, Карабатиќ како и на сите последни мечеви играше во голема форма, крилата скоро и да не грешеа. Обрановиќ со 4 гола отскокна кај бледиот ППД Загреб. Барселона утре ќе ги дознае останатите полуфиналисти, а во вторник и полуфиналниот противник за Final four во „Ланксес арената„ во Келн на 30 и 31 мај.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share