
Десното крило на бундеслигашот Гепингем, Аликс Кевин Ниокас заработи повреда на мускулот од десната нога и неколку недели ќе биде надвор од ракометните терени. Така нема да настапи за својот клуб против Кил на 22 април и на двата меча на француската репрезентација против Македонија на 29 април во Скопје и на 3 мај во Тулуз.
Со оглед на тоа што еден викенд подоцна се игра завршниот турнир на германскиот Куп во Хамбург, младиот Ниокас нема да пропушти многу мечеви од Бундеслигата и треба да се врати на 12 мај за завршницата на сезоната. Гепингем е петти со 36 бода и се бори за место во ЕХФ Купот.