ФОТО+ВИДЕО: Свечена вечера на старо-новите шампиони на Шпанија
Остварени се сите досегашни цели во сезоната на Барселона. Клубот освои пет трофеи и во последните 40 дена од сезоната ќе влезе со реални шанси за уште два трофеи. Ако успеат да слават во Лигата на шампионите и Купот на Кралот, а во двете натперварувања се во полуфиналето, ракометарите на Пасквал ќе освојат неверојатни седум трофеи во сезоната. По повод петтата последователна титула во ASOBAL лигата, клубот организираше свечена вечера на која сите ракометари и членови на стручниот штаб со своите семејства можеа да прослават уште една ASOBAL лига преполна со победи и рекорди.

Пред свечената вечера на ракометарите им се обрати претседателот на спортското друштво, Јозеп Мариа Бартоломеу, тренерот на шампионската екипа Хавиер Пасквал и капитенот Виктор Томас. Задоволството е уште поголемо, бидејќи е остварен пласманот на Final four од Лигата на шампионите по двете победи протов ППД Загреб.




