
Победата против ППД Загреб за екипата на Барселона значеше ново учество на завршниот турнир или петти Final four од вкупно шест од формирањето на овој тип на завршница во Лигата на шампионите. Само во сезоната 2011/12 кога беше елиминирана од Копенхаген, екипата на Пасквал не стигна до „Ланксес арената„ а го освои трофејот во сезоната 2010/11 кога во финалето го совлада Сиудад Реал на Кирил Лазаров со 27:24.
За македонскиот репрезентативец ова е четврто учество во Келн и обид да го освои единствениот трофеј кој му недостига. Заедно со завршниците пред да биде основан Final four турнирот, Лазаров на 30 мај ќе го игра своето шесто полуфинале, откако претходно има две полуфиналиња и со Веспрем.