
Ова лето во Охрид ќе се одржи првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7„. Организаторот за свој дом го одбра хотелот „Аквалина„ кој ги нуди сите услови за професионална работа на учесниците на кампот.

Комодитет, одлични услови за реализација на планот за тренинзи, релаксација и дружење на брегот на најчистото езеро на светот - се ова е загарантирано во хотелот „Аквалина„. Првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7„ ќе се одржи од 22 до 28 јуни.


