hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Киелце и Душебаев стојат на патот на Лазаров и Барса до финалето

keln-dvojki-615x400

Денешната виенска ждрепка за полуфиналето на ракометната Лига на шампиони, на Барселона му го донесе истиот противник од пред две сезони. Полскиот првак Киелце кој на патот до Келн ги елиминира Монпеље и Вардар ќе биде ривал на Лазаров и другарите. Во сезоната 2012/13 овие две екипи се сретнаа во „Ланксес арената„ и каталонците беа подобри, но подоцна загубија од Хамбург во финалето.

Лазаров против себе ќе го има бившиот тренер од периодот во Реновалиа Сиуда Реал и Атлетико Мадрид, Талант Душебаев. Како и минатата година во полуфиналето, пак се соочуваат Кил и Веспрем. Унгарците имаат големи причини за реванш со оглед на тоа што загубија и во сезоната 2013/14 и година претходно во четвртфинален двомеч.

Final four - Келн - 30 и 31 мај 2015 година

Барселона - Киелце

Кил - Веспрем

Share