hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Фотографија и момент кој Кире го чекаше две децении

lazarov so peharot

Од есента 1995 година, кога дебитираше за Борец против Динамо Букурешт во првото коло на Купот на шампионите, најдобриот македонски ракометар го чекаше овој момент и оваа фотографија - новиот гламурозен пехар на ЕХФ во неговите раце како награда за освоената Лига на шампиони. Безброј обиди, рекорди и постигања му претходеа на овој голем настан. Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) беа дресовите кои Лазаров ги носеше во две децении врвен европски ракомет.

Играше три финалиња, безброј пати беше блиску, два пати најдобар стрелец на сезоната, сеуште најдобар активен стрелец во натпреварувањата на ЕХФ и наскоро ќе ја мине границата од 1000 гола во евро-куповите, како што тоа го направи и со репрезентацијата. Сега кога е освоен првиот трофеј во Лигата на шампионите, веројатно ќе биде полесно да се нападне и наредниот.

http://www.youtube.com/watch?t=10&v=4s7WBKgGU5c

Share