Пасквал: „Во финалето дојдоа најконстантните во сезоната„

По четврт пат во Келн, Барселона под водство на Чави Пасквал ќе игра за европска титула во Келн, а тренерот на Лазаров и соиграчите е убеден дека двете најдобри и екипи со најдобар континуитет во текот на сезоната, стигнаа до финалниот меч. „Веспрем е екипа која слободно може да го победи Кил, Киелце и нас. Играта им се базира на многу силен дефанзивен блок и одлични голмани.
Без разлика на резултатот во финалето мислам дека овие две екипи беа најконстантни во текот на целата сезона во Лигата на шампионите. Веспрем ги освои сите трофеи кои можеше да ги освои до сега во сезоната. Мислам дека и ние сме на нивното ниво. Во финалето сешто може да се случи„ заклучи Пасквал. Тој не верува дека Чема Родригез, кој се пожали на повреда на ногата во полуфиналето, нема да настапи во финалето. „Треба многу лошо да се чувствува за да не игра финале на Лигата на шампионите„ краток беше предводникот на каталонците. Исто како Чема Родригез и бившиот член на Барса, Кристијан Угалде не е фит, но би требало да настапи во мечот за европската круна.




