Киелце пак го доби Кил и го освои третото место во Келн

Final four 2015 - Меч за трето место
Киелце - Кил 28:26 (12:12)
Како и пред три сезони, во малото финале ден по поразите во полуфиналето мораа да играат Киелце и Кил и пак тоа го направија со изменети состави, но сепак со желба за утешна победа. Полскиот првак настапи без Зорман и Агинагалде, кои влечат повреди и ровити играа во полуфиналето. Дувњак и Шпренгер подобро го отворија мечот и „зебрите„ поведоа со 3:5 по 10 минути игра. Но Киелце благодарение на Шмал, 8 минути не прими гол и германецот Рајхман погоди од седум метри за 6:5 во 18 минута. Реакцијата на германскиот првак ја донесе данскиот среден бек во заминување, Лауге Шмит кој погоди два пати за 8:7 во 22 минута. Ветеранот Лундстром два пати реализираше од полуконтра од неговата позиција на лево крило за 9:9 на 5 минути до одморот.
Во последните моменти од првиот дел, Палмарсон и Биелилци погодија преку блокот за 12:12 на одмор. Во изедначен тон со многу грешки почна и вториот дел, па во 38 минута резултатот гласеше 16:16. Но тогаш се разбранија двајцата голмани и практично мечот беше Шмал против Паличка. Носени од дефанзивната стабилност полските ракометари први се одлепија благодарение на ветеранот Биелицки (21:19). Нему му се приклучи и Бунтиќ и Кил остана без одговор. Но германците не би биле германци ако не се вратат во мечот. Со голот на Шпренгер спуштија до -1, на 60 секунди до крајот. Сепак Штрлек од контранапад го реши прашањето на победникот и со 28:26, Киелце го повтори успехот од пред три сезони и го освои трето место во Лигата на шампионите. Кај полските жолти блескаше Шмал на голот и Карол Биелицки со 9 гола, Лијевски постигна 5, а Бунтиќ даде 4. Во тимот на Кил, Јиха не доби шанса, Марко Вујин беше најефикасен со 5 гола, а Дувњак и Лауге Шмит постигнаа по 4 гола.




