hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров го оствари сонот, највредниот трофеј е 44 во кариерата

img 2558

Конечно Кирил Лазаров го оствари сонот и го освои највредниот трофеј во клубскиот ракомет. Тој е европски првак во дресот на најтрофејната и најмоќна екипа на планетата. Целиот пот и жртвување се исплати и капитенот на нашата репрезентација сега има колекција на трофеи од сите најзначајни ракометни натпреварувања кои постојат во Европа. Овој трофеј за Лазаров е 44 во кариерата. Со ова темпо брзо ќе ја „раситне„ и 50 ката. Веќе наредниот викенд има нова шанса за трофеј.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на Лигата на шампионите:

1 пат (со Барселона)

Освојувач на IHF Супер глоб:

3 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак:

16 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 2 со Барселона (Шпанија)

Освојувач на националниот Куп:

16 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:

3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:

4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:

1 пат (со Барселона)

Share