
Заврши еден, а Барса ја очекува нов Final four за да ја заокружи сезоната со уште еден трофеј, седми оваа сезона. Имено момците на Пасквал нема да имаат многу време за славје, бидејќи на 6 и 7 јуни во Хихон ќе играат на завршниот турнир на Купот на Кралот, а титулата ја бранат од минатата година.
Во полуфиналето се среќаваат со Анхел Хименез, а доколку триумфираат в недела со поуспешниот од мечот Хуанферса - Грањолерс. Освојување на овој трофеј ќе значи седма титула во сезоната, а седум од седум во модерниот ракомет никој не остварил.
Сите трофеи на Барселона и Кирил Лазаров оваа сезона:
- Лига на шампиони
- IHF Супер глоб
- ASOBAL лига
- ASOBAL Куп
- ASOBAL Суперкуп
- Каталонски Суперкуп