
Колку Келн и „Ланксес арената„ е успешен проект покажува и податокот дека само вчера на полуфиналниот ден на овосезонскиот завршен турнир, кога беа пуштени во продажба првиот пакет на билети, продадени се 6.000 комплети за наредното издание на Final four турнирот во 2016 година.

Без да знаат кои екипи ќе го минат патот до полуфиналето, љубителите на ракометот од Германија и од остатокот на Европа, ги обезбедија билетите за седмото издание на турнирот во ваков формат. На почетокот на оваа година, Келн и ЕХФ потпишаа договор, со кој завршниот турнир ќе се одржува во „Ланксес арената„ до 2020 година. Денес ЕХФ го продолжи договорот и со својот главен спонзор VELUX исто така до 2020 година.