
Специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбал„ и оваа година прави избор на екипите и поединците кои најдобро работат на интернет од балканските простори во текот на изминатата сезона. Номинирани се 30 екипи и неколку поединци кои на овој начин ја информираат јавноста, своите многубројни навивачи и симпатизери.

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров, која наскоро ќе го прослави својот трет роденден, пред две години го доби признанието за најуспешен веб сајт во својата категорија, а сега повторно е номиниранa, заедно со официјалната веб страна на Ратко Николиќ, Урош Зорман и Андреа Лекиќ. Од македонските клубови номинирани се Вардар, Металург, Зомимак и ЖРК Вардар.
Гласајте за официјалната веб страна на Кирил Лазаров - ТУКА: